Папандреу бара соработка од опозицијата за излез од кризата

Грчкиот премиер Јоргос Папандреу денеска ги повика опозициските партии да понудат предлози за нов среднорочен план за штедење и апелираше до нив да соработуваат во подобрувањето на позициите на Грција во преговорите со Европската Унија околу финансиската криза. Во телевизиското обраќање, Папандреу истакна дека грчките политички партии треба да покажат дека можат да ги надминат меѓусебните недоразбирања во интерес на државата.