Во Сана и денеска про и анти-владини протести

Сана, 10.06.2011

Во главниот град на Јемен, Сана, и денеска има протести на илјадници противници и приврзаници на претседателот Али АБдула Салех, кој пак е на лекување надвор од земјата откако пред една недела беше повреден при нападот на претседателската палата. Веќе три месеци се одржуваат протести во Јемен против режимот на Салех.