Хрватска ќе добие зелено светло за членство во ЕУ во 2013-та

Европската Комисија денеска ќе го одбри заклучувањето на пристапните преговори со Хрватска, со што ќе и се отвори патот за прием во Европската Унија во 2013-та година, јавуваат медиумите. Европската Комисија ќе даде зелено светло за зачленувањето на Хрватска, изјави европската комесарка за прaвда Вивиен Рединг. Хрватска ги започна преговорите за членство во Европската Унија во 2005-та година.