Самит Русија - ЕУ

Европската Унија и Русија денеска го продолжуваат самитот во Нижни Новгород. Синоќа, првите луѓе на Европската Унија имаа средба со рускиот претседател Дмитриј Медведев, а најактуелен проблем е руската забрана за увоз на зеленчук од земјите членки на Европската Унија. Русија пак притиска за поголем пристап на европскиот енергетски пазаер. Други теми на разговор се визната политика и напорите на Русија за влез во Светската Трговска Организација.