Кина со критики за Виетнам околу поморската граница

Кина го обвини Виетнам за нарушување на кинескиот државен интегритет и загрозување на животите на кинески морнари. Станува збор за територијален спор околу поморската граница меѓу двете земји. Портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи Хонг Леи ги даде обвиненијата откако виетнамските власти ја обвинија Кина за малтретирање на нивни морнари кои вршеле сеизмолошки испитувања во близина на поморската граница.