Американска офанзива против Ал Каеда во Јемен

Американски државни службеници потврдија дека Соединетите американски држави почнале офанзива против членовите на терористичката Ал каеда во Јемен. Воздушните напади се со цел да ги спречат милитантите да ја искористат предноста од немирите во земјата. Новинската агенција Асошејтед Прес ги пренесува изјавните на неименувани американски државни претставници кои потврдиле дека во воздушните напади загинал еден оперативец на Ал Каеда и неколку негови следбеници.