Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Локално ќе има појава на нестабилност со дожд и поретка појава на грмежи. Утринската температура се движи од девет до 16, а дневната ќе биде во интервалот од 23 до 28 степени. Во Скопје и околината слично време, со утринска температура до 14 и дневна до 26 степени.