Пакистан-да се пренасочи воената помош од САД

Генерал Ашфаг Парваз Кајани со пакистански војници

Шефот на пакистанската армија генерал Ашфаг Парваз Кајани рече дека неколку милијарди долари од американската помош наменета за армијата, треба да се пренасочи кон зајакнување на економијата и за помош на обичните луѓе. Тој потврди дека престанале заедничките обуки со американските сили , и дека нивните односи сега се сведени на размена на разузнавачки информации. Генералот изјави и дека американските напади со беспилотни летала на територијата на Пакистан, се неприфатливи.