Групата Билдерберг ќе се состане во Швајцарија

Карл Билд еден од минатогодишните учесници на состанокот на Групата Билдерберг

Групата Билдерберг составена од околу 100 политички и економски лидери, како и благородници , својата годишна средба ќе ја одржи во швајцарскиот ски-центар Сент Мориц. Точната локација и датумот на средбата се обвиткани во мистерија. Средбите на Билдерберг групата, како што беа минатата година во Шпанија и во 2009 година во Атина, се проследени со големо полициско обезбедување. Иако средбите се одржуват од 1954-та, досега се познати само неколку детали за нив. Групата ќе ги објави учесниците дури откако средбата ќе заврши. Минатата година, на средбата присуствувале шведскиот министер за надворешни работи, Карл Билт, главниот извршен директор на "Ербас" Том Ендерс, грчкиот министер за финансии Јоргос Папаконстантину, и американскиот заменик-државен секретар Џејмс Стајнберг.