Во Македонија лани повеќе разводи од претходната година

Во 2010 година во земјава се склучени помалку бракови во споредба со претходната годинаи, и тоа помалку за 5,1 процент, но затоа пак имало повеќе разводи и тоа за 33,6 проценти, во споредба со лани.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2010 година биле склучени 14.155 бракови, а регистрирани се 1.720 разводи.
Најчесто е стапувањето во прв брак, додека во втор и трет брак почесто стапуваат мажите.