Партиите трошеле многу повеќе од обезбедените приливи

Организаторите на изборната кампања на Коалицијата предводена од ВМРО – ДПМНЕ, ДУИ, ДПА, ПОДЕМ имаат потрошено повеќе средства од сметката, од оние што ги имаат обезбедено со приливите, соопштуват од државната Антикорупциска комисија. ДУИ, од донации, обезбедиле вкупно 4.251.000, а потрошени 7.316.920 денари; ДПА, од донации обезбедиле 669.000, а потрошиле 2.735.368 денари, ПОДЕМ од донации обезбедиле 79.000, а потрошиле 121.000 и коалицијата предводена од ВМРО – ДПМНЕ, од донации, обезбедиле 31.930.000, а потрошени се 272.256.168 денар За партиите СДПМ; ОМ; НДУ И ПДП кои не доставиле финансиски извештаи , државната антикорупциска поднела прекршочни.