Светските сили повикаа на суштински дијалог со Иран

Светските сили го повикаа Иран суштински да разговараат за неговата нуклеарна програма. Во заедничка изјава САД, Велика Британија, Франција, Германија, Русија и Кина соопштуваат дека отворените прашања треба да се решат, за да се искличи можноста дека нуклеарната програма ќе се користи за воени цели. Изјавата на светските сили е дадена по состанокот на Меѓународната агенција за атомска енергија во Виена, и тоа на еден ден откако Иран најави дека 20 проценти од производството на збогатен ураниум ќе префрли во друга централа и дека трипати ќе го зголеми производството до крајот на 2011 година.