ЕУ ќе расправа за приклучување на Бугарија и Романија кон Шенген зоната

Советот на Европската унија за правда и внатрешни работи ќе расправа денеска за подготвеноста на Бугарија и Романија за приклучување кон Шенген зоната, се наведува во програмата на седницата во Луксембург.
Според европратеникот Карлуш Коелјо, кој е известувач на Европскиот парламент за ова прашање, денеска Советот ќе го утврди датумот на кој ќе биде донесена конечната одлука. Според неговите информации тоа ќе биде до крајот на годината, во текот на летото или есента.