Состанок за иднината на Либија

Министрите на Западните и на Арапските земји денеска во Обединетите Арапски Емирати уште еднаш ќе разговараат за иднината на Либија без лидерот Моамер Гадафи. Средбата следува по засилените бомбардирања на НАТО врз цели во Триполи оваа недела, за да се ослабне режимот на Гадафи. На состанокот за Либија во Абу Даби ќе учествуваат американскиот државен секретар Хилари
Клинтон и претставници од Франција и Велика Британија, како и од Катар, Кувајт и Јордан. На средбата тие ќе разговараат и за меѓународното финансирање на либиските бунтовници, за да го тргнат Гадафи од власт. Гадафи пред 2 дена изјави дека ќе остане во Триполи, жив или мртов.