Косово ќе воведе царини за увоз од Србија и БиХ

Косовскиот министер за трговија Мимоза Кусари-Лила изјави дека земјата ќе воведе 10-процентни царини за сите стоки кои се увезуваат од Србија и Босна, или целосно ќе го забрани увозот, доколку двете земји продолжат да го блокираат извозот од Косово. Србија и Босна ги блокираат стоките со декларации од Косово и ги враќаат назад патниците со косовски пасоши и регистрации на возилата. Царините би требало да стапат во сила од средината на овој месец.