ЕУ го поддржува вториот мандат на Бан Ки Мун

Бан Ки Мун

Европската унија му ја даде својата поддршка на генералниот секретар на ОН да се кандидира за втор петгодишен мандат. Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Кетрин Ештон изјави дека одлуката на Бан Ки Мун да побара и втор мандат е многу добра вест и за Обединетите нации и за меѓународната заедница за која тој работел неуморно. САД, Велика Британија, Кина и Франција исто така соопштија дека го подржуваат. Русија е единствената постојана членка на Советот за безбедност на ОН, која се уште не се изјаснила за кандидатурата на Бан Ки Мун.