ЕК ќе ги обештети земјоделците со 210 милиони евра

Европската Комисија ја зголеми понудата за надомест на земјоделците на 210 милиони евра. Парите се наменети за производителите на зеленчук на кои бизнисот им пропадна , по појавата на смртоносната бактерија во Европа.
Новата понуда дојде откако Шпанија, Франција и други земји го критикуваа претходната пакет кој изнесуваше 150 милиони евра.
Европските производители на зеленчук загубија стотици милиони евра, откако една недела потрошувачите избегнува да купуваат свеж зеленчук сомневајќи се дека зеленчукот е извор на болеста. Германскиот министер за здравство во меѓувреме изјави дека бројот на нови случаи на инфицирани се намалува.
Сите, освен еден од 26 жртви на епидемијата беа во Германија.
Германските здравствените власти се уште се обидуваат да го утврдат изворот на инфекцијата.