Премиерот Груевски изрази жалење за смртта на момчето

Протест против полициска бруталност

Премиерот Никола Груевски изрази жалење за смртта на 22- годишното момче кое почина во неделата на скопскиот плоштад.
Сакам да го изразам моето длабоко жалење и сочувство со семејството за тоа што им се случи бидејќи да се изгуби дете од 22 години кое толку долго го чувале и гледале е навистина голема семејна трагедија. МВР имаше брза реакција, пронајден е сторителот и изведен е пред суд. Во текот на денот тој е во судот и верувам дека ќе биде постапено согласно законите и праксата во вакви ситуации, изјави премиерот Груевски.
Тој додаде дека убиениот е член на ВМРО-ДПМНЕ, додека осомничениот, како што му пренела министерката за внатрешни работи, работи во единицата Тигри, но не бил по распоред на службена должност.