Илјадници Сиријци бегаат кон Турција

Илјадници Сиријците бегаат од северната провинција Идлиб од страв од претстојните воени напади, јавуваат активистите за човекови права. Според нив Сиријците се обидуваат да ја преминат границата со Турција.
Властите велат дека 450 бегалци, вклучувајќи и луѓе кои биле повредени во судирите, пристигнале во Турција. Премиерот на Турција Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција ќе ја остави отворена граница со Сирија и покрај приливот на бегалци. Турција и Сирија споделуваат 850 километри граница.