Баросо-новата Влада да вложи напори за напредок кон ЕУ

Никола Груевски и Жозе Мануел Баросо

Уверени сме дека новата влада ќе вложи максимални напори за да обезбеди напредок во однос на важните прашања кои треба да се решат на Вашиот пат кон ЕУ, наведува претседателот на Европската Комисија Жозе Мануел Баросо во честитката упатена до премиеот Никола Груевски за изборната победа. Баросо наведува дека ЕК планира во иднина континуирана соработка со новата Влада.