Кривична за специјалецот осомничен за убиство на момчето

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска

Поднесена е кривична пријава против осомничениот полицаец кој физички го нападнал и до смрт го претепал, 22-годишното момче од Скопје. Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска изјави дека се уште не се познати мотивите и околностите , бидејќи осомничениот решил да се брани со молчење. Иако сме свесни дека ова нема да го врати изгубениот живот, наша должност и обврска кон семејството и јавноста беше да го расчистиме случајот во најкус можен рок, изјави Јанкуловска, и , изрази сочувство до сите блиски на момчето. Јанкулоска рече дека насилството не смее да се толерира без разлика од каде доаѓа, вклучително и кога доаѓа од вработен во МВР.