Конференција на ООН за сидата

Светска мапа на ООН за сидата

Во Обединетите нации денеска се одржува состанок за преиспитување на глобалните стратегии во борбата против ширењето на сидата, 30 години откако беше откриена оваа заразна болест. Според податоците на Светската организација, околу 34 милиони луѓе во светот живеат со вирусот на сидата, додека секојдневно се заразуваат 7 илјади луѓе. Обединетите нации последната конфренција за сидата ја одржаа во 2001 година.