АИ предупредува на состојбата во Киргистан

Амнести Интернешнал предупредува дека неуспехот да бидат извeдени пред суд одговорните за убиствата во минатогодишните судири во Киргистан меѓу узбеците и киргизите би можело да предизвика натамошни насилства во таа земја. Оваа организација за човекови права наведува дека главна пречка за неизведувањето на суд на виновниците се етничката пристраност и корупцијата. Во ланските судири загинаа над 470 луѓе.