Тадиќ: не ни е ветен датум за почеток на преговори

Борис Тадиќ

Српскиот претседател Борис Тадиќ изјави дека на Србија не и е ветено дека ќе добие датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ, но оти таа ќе стори се што е потребно за тоа да се случи. Тадиќ додаде дека Србија треба да ги исполни своите обврски за добивање на статус кандидат, но оти од Унијата зависи кога на Белград ќе му биде соопштен датумот за почеток на преговорите.