Лидерите на Романија, најлошо платени лидери во ЕУ

Романскиот претседател Трајан Басеску и премиерот Емил Бок се најлошо платените лидери во ЕУ. Со месечна плата од 1.800 евра Трајан Басеску се наоѓа на дното од листата на приходи на европските шефови на држави. Емил Бок пак заработува 1.500 евра месечно.
Најдобро платен е претседателот на Австрија Хајнц Фишер, кој добива по 22.500 евра месечно. По него следуваат ирската претседателка Мери Макалис со 21.000 евра, шефот на француската држава Никола Саркози со 20.000 евра и претседателот на Италија Џорџо Наполитано со 18.500 евра.
Словенечкиот претседател Данило Тирк зема месечно по 3.500 евра, а бугарскиот претседател Георги Прванов 2.300 евра.
Најдобро платен премиер е францускиот Франсоа Фијон, кој добива 20.000 евра месечно, односно 13 пати повеќе од Бок.