Моамер Гадафи останува во Либија „жив или мртов“

Моамер Гадафи

Русија денеска изјави дека е подготвена да им понуди економска помош на либиските бунтовници, но повика на политичко решение на конфликтот во Либија. Михаил Маргелов, специјалниот претставник на Русија во Африка, денеска се сретна со раководството на бунтовниците. Претходно кинески преставници имаа средби со преставници на опозицијата. Кина и Русија беа меѓу земјите кои се воздржаа од гласање во Советот за безбедност на ОН, кога се гласаше за превземање на мисијата во Либија од страна на НАТО. Во меѓувреме продолжуваат нападите на НАТО врз цели во Триполи. Моамер Гадафи, во аудио изјава рече дека ќе остане во Триполи жив или мртов.Американскиот претседател Барак Обама и германската канцеларка Ангела Меркел се соглсиле дека Гадафи мора да си оди од влас и ќе продолжат со притисоците се додека тој не се повлече.