Над 45 луѓе загинале во последните насилства во Јемен.

Најмалку 45 луѓе загинале во последните насилства во Јемен, соопштува армијата. Од таму велат дека безбедносните сили во градот Зинџибар убиле 30 исламистички милитанти , меѓу кои и локалниот лидер на Ал Каеда. Во битките загинале и 15 војници. Во градот Таиз пак се борат владините сили со демонстрантите кои сакаат смена на власта. Во меѓувреме, демонстранти во главниот град излегоа на улиците со барање претседател Али Абдула Салех да остане во егзил. Салех замина за Саудиска Арабија за време на викендот на медицински третман на повредите претрпени во нападот на неговата резиденција во петокот. Извештаите велат дека Салех бил повреден повеќе отколку што се мислеше. Салех имал изгореници на 40 проценти од неговото тело и внатрешни крварења.