Министрите на ЕУ во понеделник ќе расправаат за визната либерализација

Министрите за надворешни работи на ЕУ и нивните колеги од Норвешка, Исланд, Лихтенштајн и Швајцарија, во понеделник во рамки на Мешовитиот комитет, ќе го разгледаат извештајот на ЕК за надзорен механизам за визна либерализација на Западен Балкан. Ќе се разгледува и предлогот за измена на правилата за слободен визен режим кој предвидува забрзана процедура за суспензија на визната либерализација.