Рускиот пратеник пристигна во Бенгази на разговор со опозицијата

Рускиот пратеник Михаил Маргелов

Специјалниот пратеник на рускиот претседател задолжен за Африка, пристигна во Бенгази за да разговара со преставници на либиската опозиција. Во меѓувреме авионите на НАТО го бомбардираат Триполи, и цели во близина на резиденцијата на Моамер Гадафи. Рускиот пратеник Михаил Маргелов ќе се сретне со преставници на Националниот преоден Совет. Претходно и кинески преставници имаа средби со либиската опозиција. Русија и Кина беа меѓу земјите кои беа воздржани кога Советот за безбедност на ОН гласаше НАТО да ги презеде мисијата во Либија.