Либија-моќни експлозии го тресат Триполи

Триполи

Моќни експлозии го тресат центарот на Триполи. Извештаите велат дека експлозиите најверојатно се случиле во близина на резиденцијата на Моамер Гадафи. Не се познати други детали околу настанот. Главниот град на Либија е под интензивни напади на НАТО во последните неколку денови. А резиденцијата на Гадафи беше погодена неколку пати. Во меѓувреме министерот за надворешни работи на Либија е во посета на Кина за да разговара со тамошните власти за политичко решение на кризата во Либија. А преставникот на рускиот претседател Дмитри Медведев за Африка допатува во Бенгази за да разговара со бунтовниците. Кина и Русија беа меѓу земјите кои се воздржаа од гласање кога Советот за безбедност на ОН решаваше дали НАТО да ја преземе мисијата во Либија.