Иран распоредил подморници во Црвено Море

Иран испратил подоморници во Црвено Море, за прв пат во историјата, јави иранската агенција Фарс. Подморниците имале задача да собираат информации во меѓународните води за воените бродови на други земји. Иран претходно имаше распоредено воени бродови во Црвено Море за справување со сомалијските пирати, но досега немаше информација дека таму има и подморници.