Блатер сака да формира совет на мудри

Реизбраниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, соопшти дека побарал од оперската легенда Пласидо Доминго, поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер и фудбалската легенда Јохан Кројф, да бидат во така-наречениот совет на мудрите кои ќе му помогнат во надминувањето на проблемите со корупцијата во ФИФА. Засега нема одговор од спомнатите дали ќе ја прифатат понудата на Блатер, изкажана во интревјуто за Си Ен Ен.