Молдавија-комунистите водат во битката за главниот град

Локални избори во Молдавија

Првичните резултати од локалните избори во Молдавија покажуваат дека Комунистите водат во битката за градоначалник на главниот град Кишинев. Од преброените над 60 проценти од гласовите, кандидатот на комунистичката партија Игор Дадон, освоил повеќеод 52 проценти, втор е про-европски ориентираниот Дорин Чиртока со освоени 43 проценти. Конечните резултати се очекуваат за подоцна денеска. На вчерашните избори се гледаше како на тест за про –европската Алијанса која дојде на власт во ноември. Останатите резултите покажуваат дека Европската Алијанса победила во 24 од вкупно 32 области.