МААЕ одржува состанок за нуклеарните програми на Сирија и Иран

Бордот на гувернери на Меѓународната Агенција за атомска енергија во Виена денеска започнува еднонеделен состанок на кој ќе се дискутира за ставот на Соединетите држави и другите земји кон Сирија поради нивните сомневања дека врши незаконски нуклеарни активности. Во последниот извештај на МААЕ се наведува дека можеби во Сирија постои нуклеарен реактор кој е уништен во 2007 за време на израелските напади. Сирија негира дека станува збор за нуклеарен реактор. На почетокот на денешниот состанок било наведено дека Сирија не успеала да соработува со инспекторот на МААЕ и покрај тоа што и било оставено долго време. И прашањето за нуклеарната програма на Иран, исто така, ќе биде високо на агендата.