Јемен-опозицијата го подржува привремениот претседател

Привремениот претседател на Јемен

Опозицијата во Јемен соопшти дека ја подржува одлуката вице претседателот Абед Рабо Мансур Хади, привремено да ја презеде функцијата шеф на државата, откако претседателот Али Абдула Салех замина во Саудиска Арабија на лекување. Салех замина да му ги санираат повредите здобиени за време на петочниот напад врз неговата резиденција. Салех се соочува со демонстрантите кои бараат тој да ја напушти функцијата после 30 години владење.