Промена на власта во Португалија

Португалскиот премиер во заминување, Жозе Сократес

Лидерот на Социјалистичката партија и премиер на Португалија, го призна поразот на парламентарните избори, што вчера се одржаа во земјата. Социјалистите, кои досега беа на власт, освоија околу 28 проценти од гласовите. На изборите, победата ја однесоа Социјалдемократите, со освоени 39 проценти од гласовите.
Премиерот Жозе Сократес изјави дека ќе поднесе оставка на функцијата претседател на партијата. На новата влада и останува тешката задача да се справи со мерките за штедење. Португалија е третата по ред земја во еврозоната, по Грција и Ирска, која треба да добие спасувачки пакет, во износ од 78 милијарди евра.