28 мртви во немирите во северозападна Сирија

Протести во Сирија на 27 мај

Најмалку 28 луѓе загинале во северозападна Сирија, каде е во тек воена операција против демонстрантите кои се бунтуваат против режимот на претседателот Башар ал-Асад, соопштуваат активисти за човекови права.
Додека траат борбите, од затворите во Сирија се ослободени 450 политички затвореници. Претседателот Башар ал-Асад пред неколку дена прогласи општа амнестија. Меѓу ослободените затвореници има и исламисти и Курди. Дел од ослободените, во затвор поминале и повеќе од 25 години. Тоа се членови на организацијата Муслиманско братство, која во Сирија е забранета во 80-тите години на минатиот век.