Мехмети: ДУИ води пред другите партии на Албанците

Според досега обработените податоци, ДУИ води во сите изборни единици пред другите партии на Албанците во Македонија, соопшти на прес конференција Ермира Мехмети портпарол на ДУИ и носител на листа во втората изборна единица.
Таа информира дека врз основа на нивните податоци, ДУИ вкупно има освоено 53.830 гласа. Следат ДПА 30.727, НДП 13.360 и Нова демократија со 9.983 гласа.