МОСТ забележале нерегуларности на повеќе гласачки места

Набљудувачите на МОСТ забележале низа неправилности на местата каде набљудувале како се одвива изборниот процес. Директорот на МОСТ, Дарко Алексов соопшти дека набљудувачите забележале лица со списоци во кои ги запишуваат гласачите, набљудувачи од политичка партија кои има помагаат на луѓето при гласање, случаи на семејно гласање, поткуп на гласачи, неадекватно користење на УВ ламба , забележано е читање на глас на имињата на гласачите, делење на флаери внатре на изборно место , несоодветна документација, регистрирани се два обиди за фотографирање на гласачко ливче.