Германија се бори со епидемијата од новата бактерија

Министерот за здравство на Германија соопшти дека се обидуваат да се справат со појават нa бактеријата ешерихија коли, од којa досега починаа 18 луѓе. Тој при посетата на една болница во Хамбург, изјави дека се борат да обезбедат доволно кревети и медицинска нега за пациенти погодени од епидемијата. Министерот изјави дека болниците ќе направат се што е потребно за да им помогнат на пациентите. Германските истражувачи не се во можност да посочат кој е точниот причинител на епидемија.