Излезноста до 13 часот околу 36 проценти

Предвремени парламентрани избори 2011

До 13.00 часот гласале околу 36 проценти од луѓето со право на глас, во сите шест изборни единици, соопштуваат од Државната изборна комисија. Одзивот е најголем во третата изборна единица и изнесува над 40 проценти. А во шестата со околу 27 е најмал. До сега според првичните информации не се забележани поголеми инциденти, но посотојат информации за одредени нарушувања на текот на гласањето односно неколку лица кои со мобилни телефони ги сликале избирачките ливчиња, но тоа е откриено од избирачките одбори и пријавено до надлежните институции и против нив ќе бидат преземени соодветни законски санкции, изјави претседателот на ДИК,Борис Кондарко. Тој ги повика граѓаните да го искористат нивното избирачко право.