Папата од Хрватска упати поздрав и на македонски јазик

Колоната со Папата поминува низ толпата верници на загребскиот хиподром

Папата Бенедикт Шеснаесетти денеска на свечената миса на загребскиот хиподром по повод Националниот ден на хрватските католички семејства, ги поздрави и благослови на нивните јазици верниците од Македонија, Словенија, Србија, Унгарија, Албанија и Германија. Според проценките на мисата присуствувале околу 300 илјади верници. Со мисата на загребскиот хиподром поглаварот на Римокатоличката црква ја заврши дводневната посета на Хрватска.