Најмалку 4-ца жртви во одвоени напади во Авганистан

Најмалку четворица луѓе загинале денеска во одвоени напади во Авганистан. Меѓу загинатите се двајца војници на НАТО и двајца припадници на авганистанските безбедносни сили. Војниците на НАТО загинале кога се урнал хеликоптер во источната провинција Кост. Авганистанските пак војници загинале во експлозија на бомба во близина на Кабулската банка во централната провинција Вардак.