Јемен-четворица војници загинале во градот Таиз

Анти-владини протести во Таиз

Најмалку четворица војници загинале денеска кога повеќе десетици наоружани напаѓачи се обиделе да ја заземат претседателската палата во Таиз, вториот по големина град во Јемен, соопштуваат воените власти. Истите извори соопштуваат дека во нападите загинал и еден од напаѓачите. Напаѓачите сакаат освета за убиството на демонстрантите кои се бунтуваат против режимот на претседателот Али Абдула Салех.