Сегеј Лавров ја критикува кампањата на НАТО во Либија

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров предупреди денеска дека мисијата во Либија, предводена од НАТО, оди кон копнена кампања. Тој изјави дека секоја копнена кампања ќе биде непристојна. Неговата изјава доаѓа откако НАТО соопшти дека за прв пат користеле хеликоптери во Либија. НАТО оцени дека со вклучувањето на хеликоптерите ќе се интензивира поддршката за бунтовниците кои неколку месеци се борат за соборување на либискиот лидер Моамер Гадафи.