Гејтс: САД и натаму воено присутни во Азија

Роберт Гејтс

Соединетите држави сакаат да го задржат цврстото воено присуство во Азија, со ново вооружување, за да ги заштитат сојузниците и да ги обезбедат трговските поморски патишта. Ова денеска во Сингапур го изјави американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс. На собирот во Сингапур учествуваат голем број министри за одбрана од азиските земји.