Меѓаши: Децата ретко пријавуваат насилство

Драги Змијанац, Директор на Првата детска амбасада Меѓаши

Децата ретко имаат храброст да го пријават насилството, исплашени се и се чувствуват немоќно, соопшти денеска Првата детска амбасада во светот Меѓаши по повод денешниот Меѓународен ден на деца жртви на насилство. Од јануари до мај годинава на СОС телефонот за деца и млади биле пријавени 22 случаи на насилство но само двајца од дојавувачите биле деца. Лани преку СОС телефонот од вкупно 239 пријави, 43 се за насилство врз децата во домот, 19 за насилство во воспитно образовни институции и 13 случаи за сексуална злоупотреба. Повеќето од извршителите на делата биле блиски на децата жртви.