Ал Каеда повикува на индивидуален Џихад

Ал Каеда објави сто минутно видео кое, според новинските агенции, било снимено по убиството на лидерот на оваа терористичка мрежа Осама бин Ладен. Во него се повикува на индивидуални акти на џихад на, како што се додава, непријателска територија. Меѓу неколкумината говорници е Ајман ал Завахири, за кој се смета дека беше човекот број два во Ал Каеда за време на Осама бин Ладен.