Хонг Конг ја одбележува годишнината од настаните на Тјенанмен

Тјенанмен

Во Хонг Конг денеска се одбележува годишнината од крвавото задушување на демократските протести во Пекинг во 1989 година. Тоа всушност е единствено одбележување на кинеска територија на настаните од плоштадот Тјенанмен кога кинеската влада на денешен ден пред 22 години испрати тенкови и војници за задушување на шестнеделните протести. Поранешната британска колонија во 1997 година и беше вратена на Кина, но Хонг Конг има полуавтономен статус со граѓански права, меѓу нив и правото на протест, што е забрането во Кина.