ЕК побара од Косово да го намали буџетскиот дефицит

Кетрин Ештон и Хашим Тачи

Европската комисија побара од Косово сериозно да се однесува кон фискалната дисциплина и да прифати мерки за намалување на буџетскиот дефицит, се наведува во соопштението на Канцеларијата за врски на ЕУ во Приштина.
Во соопштението се истакнува дека ЕК ги разгледува со голема загриженост ризиците околу буџетот за 2011 и финансирањето на дефицитот.
Претставниците на Европската комисија ги повикаа косовските власти да преземат мерки за зајакнување на ситуацијата.
Предупредувањето доаѓа ден по одлуката на ММФ да престане со проверката на финансиската ситуација на Косово, откако косовската Влада го прекрши договорот за фискална дисциплина со зголемувањето на платите.